Финансиско однесување на деца и млада популација

За потребите на својот клиент Open Source од Србија, во месец април 2016 година М-Проспект спроведе истражување на тема Финансиско однесување на деца и млада популација, граѓани на Р.Македонија.
Истражувањето опфати два дела:
-теренско истражување „лице во лице” со 300 испитаници на возраст од 10-24 години
-3 фокус групи со 8 учесници на возраст од 10-24 години
Истото успешно беше спроведено од страна на обучен и искусен тим од базата на анкетари на М-Проспект и модератор на фокус групите.