Галуп светска анкета 2013

Галуп Балкан Монитор е најсеопфатната анкета која се спроведува на територијата на Западен Балкан. Оваа анкета овозможува континуирано следење на перцепциите на жителите од овие земји: почнувајќи од нивниот животен стандард, среќа и ставови кон ЕУ, можности за вработување, чувства и ставови за живеење во странство, како и став во однос на перформансот на нивните влади. Таргет популација се граѓани од седум земји (Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија), кои имаат над 15 години, а прашалникот за секоја земја содржи и прашања кои се специфични и актуелни за тој простор, дополнително од прашањата кои се однесуваат на горенаведените области.