Истражување за младинските организации и организациите на млади
За потребите на својот клиент – Национален Младински Совет на Република Македонија, М-Проспект спроведе 6 фокус групи во 6 градови во земјата (Битола, Струга, Штип, Куманово, Кичево, Тетово) со членови на организации за млади или младински организации, со цел испитување на потребата од Национален Младински Совет како чадор организација која ќе ги застапува ставовите на овие помали организации. Во секоја од групите учество земаа од 8 до 12 членови на овие оранизации.
Воедно во групите се испитуваше и запознаеноста на овие членови со постоечките закони за млади и институции кои во својата работа се одговорни за одредени прашања за младите. Соработката со овие институции исто така беше тема од интерес во дискусиите.