MKEN
  • ПазарПазар
  • МедиумиМедиуми
  • ПолитикаПолитика

Општествo

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

SocialInclusion

Социјална инклузија

M-Проспект во соработка со Институт за демократија “SocietasCivilis” – Скопје (ИДСЦС) во јуни/јули 2016 година спроведе…

Погледни истражување
analiza-ist

Анализа на понудата и побарувачката на пазар на труд во Источниот регион

Анализата се спроведува во рамки на проектот „Подобрување на вработувањето на жените од етничките малцинства…

Погледни истражување

Јавното мислење за проблемот со загадувањето на воздухот

media-share-0-02-05-b25d09f79a386b716a56c8b4e860dded25719c4bbe7a827b5feaa4f480bc2c6e-737f310b-1732-4f66-89c2-cba83b77e8bd

Во периодот од 16ти до 27ми Јануари, М-Проспект спроведе истражување за перцепциите на граѓаните за проблемот со загадувањето на воздухот во Р. Македонија. Истражувањето беше спроведено лице-в-лице, на национално репрезентативен примерок од 1000 испитаници на возраст 15+.

Примерокот е повеќестепен стратификуван примерок, репрезентативен според регион, пол, возраст, етничка припадност и место на живеење. Анкетата беше спроведена на македонски и албански јазик. Истражуваната популација се граѓани на Р. Македонија, на возраст од 15+. За да се исполни критериумот за случаен избор користен е методот „Следен роденден“.

За мнозинство од граѓаните на Р. Македонија (82%) загадувањето на воздухот е многу сериозен проблем и за истиот треба веднаш да се превземат мерки за решавање. Иако сите се согласни за ова, забележително е дека доживеаната алармантност на проблемот е помала кај жителите на Југоисточниот регион и кај оние кои живеат во рурални средини. Гледано низ призма на етничка припадност, етничките Македонци, повеќе од етничките Албанци ја оценуваат загаденоста на воздухот како многу сериозен проблем (86.1% наспроти 72.7%).

Како главен причинител за загадувањето на воздухот, мнозинството граѓани го перцепираат сообраќајот (31.5%). На второ место е индустријата која загадува (24.9%), додека пак греењето на домаќинствата е на трето место (11.5%). Кај етничките Албанци може да се забележи дека една петтина (20.3%) од граѓаните одговараат дека депониите се главен причинител за загадувањето на воздухот. Пензионерите и вработените во јавниот сектор помалку од останатите сметаат дека индустријата која загадува е главен причинител за загадувањето на воздухот (11.% и 18.6%).

Скоро половина од граѓаните (45.7%) сметаат дека Владата е одговорна за решавање на проблемот со загадување на воздухот. Секој четврти граѓанин (27.2%) смета дека општинските власти се тие кои треба да превземат мерки за да се реши проблемот. Одговорност кај граѓаните за решавање на проблемот со загадување на воздухот гледаат 11.8%, додека пак бизнис секторот е виден како одговорен од страна на 8.2% од граѓаните. Вработените во јавни институции во помал процент од останатите граѓани сметаат дека Владата е одговорна за решавање на овој проблем (38.6%).

Размислувајќи за решенија на проблемот со загадување на воздухот 21.8% сметаат дека е потребно зголемување на зелената површина во градските подрачја, 19.1% дека е потребна гасификација, а 18.8% дека е потребно да се затворат фабриките кои не ги исполнуваат еко стандардите. Забрана за возење во централни градски подрачја како решение го гледаат 10.2% од граѓаните. Граѓаните од Скопскиот регион во споредба со граѓаните од останатите региони многу повеќе го истакнуваат зголемувањето на зелената површина во градските подрачја (42%). Од резултатите е евидентно дека постојат разлики помеѓу етничките Македонци и етничките Албанци. Имено, етничките Македонци повеќе избираат зголемување на зелените површини во градските подрачја (48.9% наспроти 23.4% кај етничките Албанци) и затварање на фабрики кои загадуваат (39.1%, наспроти 29.7% кај етничките Албанци).

air-pollution-macedonia