MKEN
  • ОпштествoОпштествo
  • ПазарПазар
  • МедиумиМедиуми

Јавното мислење за расплетот на политичката криза

Untitled

М-Проспект во периодот 6ти до 20ти Ноември 2016 година спроведе истражување на јавното мислење за актуелни политички теми во земјата. Истражувањето беше спроведено за потребите на клиентите: Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Институтот за демократија „Социетас цивилис“ Скопје (ИДСЦС) и телевизија Телма.

Истражувањето беше спроведено со методот „лице во лице”, теренско истражување на репрезентативен национален примерок од 1000 испитаници од страна на обучен и искусен тим на анкетари од базата на М-Проспект.

Темата на ова теренско истражување беше јавното мислење за рејтинзите на политичките партии во Р. Македонија во пресрет на предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.