MKEN
  • ОпштествoОпштествo
  • ПазарПазар
  • МедиумиМедиуми
  • ПолитикаПолитика

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

Picture2

ССНМ ја промовираше „Бела книга“

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) на 21.03.2014 во “City hall center”  во…

Погледни истражување
Picture4

М-Проспект во медиумите: Истражување за работните односи на новинарите во Македонија

Осумдесет отсто од новинарите сметаат дека ситуацијата во медиумите од ден на ден се влошува….

Погледни истражување

М-Проспект вработува

mprospect-oglas-web

Со цел проширување на тимот, М-Проспект објавува оглас за две работни позиции за административен работник, одговорен за соодветно управување со канцелариско-административни задачи и асистент истражувач со искуство во водење проекти – спроведување квантитативни истражувања за маркетинг, политички, општествени теми и медиуми. Позициите нудат можност за личен и професионален развој и овозможува работа во динамична работна средина.

Сите заинтересирани кандидати нека испратат професионална биографија на contact@m-prospect.com со назнака за која позиција аплицираат НАЈДОЦНА ДО 13.09.2017 ДО 13:00 ЧАСОТ.

1. АДМИНИСТРАТИВЕН РАБОТНИК

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Водење севкупно административно работење, документирање, евидентирање и архивирање на тековна работна документација
  • Планира, развива и одржува канцелариски правила и процедури и административни системи
  • Обезбедува административна и техничка поддршка на тимот во организацијата
  • Набавка на канцелариски материјали
  • Координација, организација и проширување на анкетарски тим

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Висока стручна спрема
  • Искуство во административна работа
  • Напредно познавање на MS OFFICE (Word, Excel, PowerPoint)
  • Познавање на англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност
  • Аналитички вештини
  • Способност за работа во тим

2. АСИСТЕНТ ИСТРАЖУВАЧ

РАБОТНИ ЗАДАЧИ:

  • Планирање и спроведување на истражувачки проекти
  • Подготовка на истражувачки методологии, организација на процес на собирање на податоци
  • Примена на истражувачки методи и техники за анализа на квантитативни податоци во соработка со тимот
  • Подготовка на дескриптивни анализи и методолошки извештаи

ПОТРЕБНИ КВАЛИФИКАЦИИ:

  • Висока стручна спрема
  • Искуство во истражувачка работа
  • Напредно познавање на MS OFFICE (Word, Excel, PowerPoint)
  • Познавање на софтвер за обработка на податоци (SPSS, STATA)
  • Познавање на софтвер за собирање на алатки (LimeSurvey, NipoOdin, Warpit..)
  • Одлично познавање на англиски јазик, познавање на албански јазик ќе се смета за предност
  • Аналитички вештини
  • Способност за работа во тим