MKEN
  • ПазарПазар
  • МедиумиМедиуми
  • ПолитикаПолитика

Општествo

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

novosti12

Галуп светска анкета 2013

Галуп Балкан Монитор е најсеопфатната анкета која се спроведува на територијата на Западен Балкан. Оваа…

Погледни истражување
media-share-0-02-05-b25d09f79a386b716a56c8b4e860dded25719c4bbe7a827b5feaa4f480bc2c6e-737f310b-1732-4f66-89c2-cba83b77e8bd

Јавното мислење за проблемот со загадувањето на воздухот

Во периодот од 16ти до 27ми Јануари, М-Проспект спроведе истражување за перцепциите на граѓаните за…

Погледни истражување

Барометар за еднакви можности

barometar

Истражување за Дискриминација.

Дискриминацијата во себе вклучува ставови и предрасуди во однос на различно доживеаните групи. Предрасудите го мотивираат однесувањето на индивидуите на едно ниво, а понатаму и на цели системи на повисоко ниво.

Дискриминацијата може да се однесува на родот, возраста, етничката припадност, сексуалната ориентација, религија или уверување, постоење на телесна или ментална попреченост, политички уверувања и партиска припадност.

Овие седум облици на дискриминација се земени предвид во конкретното истражување и за истите се мерат перцепциите, ставовите и свесноста за нивното постоење. Се истражува и личното доживување на испитаниците и нивната идентификација со (малцински) групи. Преку личните доживувања и сведоштва се мери и присутноста на дискриминацијата. Помеѓу другото, во ова анкетно истражување се мери и перцепцијата на дискриминација при вработување како и познавањето на правата кои граѓаните ги имаат како заштита од дискриминација.

Истражувањето е телефонско и опфаќа случајно избран репрезентативен примерок од 1600 испитаници од популацијата на Р. Македонија. Водено е од обучен тим на анкетари и се спроведува на македонски и на албански јазик.