MKEN

ОПИС НА ФИРМАТА

М-проспект е истражувачка компанија посветена на произведување квалитетни истражувања во повеќе области преку истражување на јавното мислење и други сродни методи. Покрај потребите на локалните клиенти, М-проспект работи и во регионални и меѓународни истражувачки потфати. М-проспект го сочинува тим од истражувачи со повеќегодишно искуство во истражување на јавното мислење и комуникациите. Во тимот соработуваат политиколози, социолози, психолози, комуниколози и економисти. За своите потреби М-проспект соработува и со поширока група на експерти од различни полиња кои ни помагаат да обезбедиме продлабочена подготовка и анализа во секое истражување.

КАПАЦИТЕТ

Истражувачкиот центар на М-проспект е изграден врз современа технологија. Центарот за телефонски истражувања располага со CATI систем кој работи според AAPOR стандардите за анкетирање и опслужува 20 работни места. Покрај симултаното електронско внесување на податоците, системот се грижи за случајно бирање на броевите, ги менаџира повиците и примерокот. Со тоа, обезбедуваме квалитетни истражувања според светските индустриски стандарди а капацитетот ни овозможува навремено комплетирање и испорака на податоци и анализи.

M-проспект располага и со наменски простор за одржување на фокусни групи и интервјуа со можности за следење од страна на клиентот, преку физичко присуство, аудио или видео линк.

МРЕЖА НА АНКЕТАРИ

М-проспект располага со мрежа од преку 80 анкетари низ целата територија на Република Македонија со искуство во PAPI, CAPI и длабински интервјуа. Истовремено, располагаме и со повеќе од 20 обучени повеќејазични анкетари за телефонски истражувања. Во оваа мрежа членуваат анкетари со повеќегодишно искуство од телефонски и истражувања „лице в лице“. М-проспект се грижи за постојано подобрување на мрежата преку тренинзи и усовршување, како и преку надзор и анализа на работата на анкетарите. За надгледување на работата на анкетарите располагаме со тим од 12 регионални супервизори и 15 обучени внесувачи на податоци.

ЧЛЕНСТВА

М проспект е членка на:

esomar

БРЕНД ИНСТРУКЦИИ

Упатство за употреба на лого на М-проспект.