Зошто да учествувам во анкети?
Постојат многу причини зошто да се учествува во истражувањата. Анкетите се начин да се изрази сопственото мислење, искуство и однесување за некои прашања. Функционерите, лидерите и бизнисмените треба да посветат внимание на резултатите од анкетите и да ги земат предвид при донесувањето на нивните одлуки. Доколку одредени луѓе не учествуваат во анкети, тогаш резултатите нема да го опфатат целиот спектар на мислења во нацијата.
Дали сите анкети се анонимни?
Сите анкети се анонимни и податоците и мислењата кои ги даваат испитаниците се употребуваат само за конкретното истражување за кое биле побарани.
Што се случува со одговорите кои ќе ги дадам на прашањата?
Одговорите од сите испитаници во едно истражување се собираат и обработуваат. Одговорите се прикажуваат за сите испитаници заедно, односно не се прикажуваат поединечно за секој испитаник. Тоа е уште еден начин како се обезедува анонимноста на одговорите.
Како го добивате мојот телефонски број?
Во нашите телефонски истражувања користиме листа на сите телефонски броеви во земјата. Вашиот телефонски број е секогаш свртен по случаен избор (компјутерски) во комбинација со сите останати телефонски броеви од местото во кое живеете. Операторот го знае само вашиот број и населбата во која се јавува. Ниту еден друг личен податок не е прикажан ниту познат.
Како одлучувате во кој стан да заѕвоните?
Одлуката каде ќе побараме испитаник зависи од истражувањето. Меѓутоа, тоа што важи за сите наши истражувања е дека улиците од кои анкетарот почнува да работи се секогаш случајно избрани во населбата каде истражуваме. За ваквите истражувања потребно е да се осигураме дека станот нема да биде избран намерно затоа што е поблиску или е полесно достапен. Кажано со пример: Анкетарот има задача да ѕвони на секој (на пример) трети стан на случајно избраната улица.
Како го бирате оној што ќе одговара на прашањата?
За нас е важно испитаниците да бидат избрани случајно. Тоа значи дека во едно домаќинство не значи дека ќе направиме анкета со оној што во тој момент се затекнал дома, или пак оној кој најмногу сака да одговори на прашањата ниту пак со оној што ни отворил врата. Во едно истражување е важно да бидат опфатени различни испитаници. Затоа анкетарот најчесто ќе се обиде да направи анкета со оној член во семејството кој од датумот на анкетата има најблиску роденден. На тој начин изборот на испитаник станува случаен.
Дали може да се пријавам за да бидам побаран за анкета?
Накратко: Да. Повремено правиме и истражувања на група испитаници кои сами се пријавиле во иднина да бидат контактирани за анкета. Од сите пријавени луѓе, составуваме помала група која според определени карактеристики сметаме дека добро претставува поголема група на луѓе за заклучоците од истражувањето да може да бидат сфатени општо. На пример, доколку во Македонија 50% од жителите се жени, 25% со основно, 50% со средно и 25% со високо образование, тогаш и групата испитаници која ќе ја составиме и побараме за анкета ќе ги има истите карактеристки. Предноста на ваквиот пристап е што за ист тип истражувања можеме да ги видиме промените кои настануваат со текот на времето кај едни исти испитаници.
Што ако некој не е во моментот на правење на анкетата дома. Дали го исклучувате од понатамошната анкета?
Правилото е вкупно три телефонски повици (со најмалку три часа поминати помеѓу повиците) на еден телефонски број, се разбира доколку на првите два повици не се јавил никој.
Како ги обучувате анкетарите?
Сите наши анкетари се обучени опширно за анкетите. Нивна задача е разговорот да биде пријатен за испитаниците. Исто така тие се обучени, како точно и доследно да ја следат методологијата на случаен избор, за да се обезбеди репрезентативен примерок на секоја анкета.
Зошто во сите анкети постојат прашања за лични информации на испитаниците?
Ние поставувавме прашања за вашата демографија (пример возраст и етничка припадност), интереси, вработување, однесување при купување, финансии итн. Овие информации се користат за спроведување на статистички анализи т.е. за да се видиме колку сите испитаници заедно ја претставуваат општата популација.
Колку долго може да трае една телефонска анкета?
Телефонските анкети се речиси секогаш кратки, но има случаи кога телефонската анкета може да биде „долга“. Нашите анкети се во временски интервал од 3-20минути.
Дали за да учествувам во анкета мора да бидам полнолетен?
Повеќето анкети се прават само на полнолетни лица, но се разбира постојат и такви во кои што може да учествуваат и помлади испитаници.
Што ако не сум во можност да одговарам во моментот кога ќе бидам побаран?
Во тој случај нашите анкетари Ве прашуваат за термин во кој би можеле да Ви се јават повторно за да учествувате во анкетата.