MKEN
  • ПазарПазар
  • МедиумиМедиуми
  • ПолитикаПолитика

Општествo

ПОВРЗАНИ ПОСТОВИ

smajliadministracija

Проценка и задоволство од реформите во јавната администрација и проценка за застапеноста на судирот на интереси (локално ниво)

М-Проспект во соработка со Институтот за демократија “Социетас Цивилис” Скопје (ИДСЦС) го спроведе истражувањето со…

Погледни истражување
doverba-civ

Истражување за довербата во граѓанското општество

За потребите на нашиот клиент TACSO истражувањето за довербата во граѓанското општество имаше за цел…

Погледни истражување

Барометар за еднакви можности

barometar

Истражување за Дискриминација.

Дискриминацијата во себе вклучува ставови и предрасуди во однос на различно доживеаните групи. Предрасудите го мотивираат однесувањето на индивидуите на едно ниво, а понатаму и на цели системи на повисоко ниво.

Дискриминацијата може да се однесува на родот, возраста, етничката припадност, сексуалната ориентација, религија или уверување, постоење на телесна или ментална попреченост, политички уверувања и партиска припадност.

Овие седум облици на дискриминација се земени предвид во конкретното истражување и за истите се мерат перцепциите, ставовите и свесноста за нивното постоење. Се истражува и личното доживување на испитаниците и нивната идентификација со (малцински) групи. Преку личните доживувања и сведоштва се мери и присутноста на дискриминацијата. Помеѓу другото, во ова анкетно истражување се мери и перцепцијата на дискриминација при вработување како и познавањето на правата кои граѓаните ги имаат како заштита од дискриминација.

Истражувањето е телефонско и опфаќа случајно избран репрезентативен примерок од 1600 испитаници од популацијата на Р. Македонија. Водено е од обучен тим на анкетари и се спроведува на македонски и на албански јазик.