Контрола на квалитет
Дизајн на примерок
Осигурување на квалитет во процесот на дизајнирање на примерок се прави низ две димензии. Регуларното подновување на базите со податоци објавени од заводите за статистика осигурува дека плановите за примерок се репрезентативни за целните популации. Сепак, важен дел на добар примерок е имање подновени извори за примерок како поштенски и телефонски именици кои ќе осигураат највисока веројатност дека секој член на целната популација има шанса да биде избран за истражувањето. М-проспект има најнов поштенски и телефонски именик со фиксни и телефонски линии. За телефонско анкетирање броевите се бираат случајно за да се исклучи каква било тенденциознот при изборот на испитаници. Во истражувања „лице в лице“ во случаи каде анкетарите треба да ги бираат испитаниците, се применуваат строги правила за случаен избор за да се исклучи тенденциознот.
Дизајн на прашалник
Внимателно и добро дизајниран прашалник осигурува квалитетни податоци. Ние применуваме неколку механизми во оваа фаза кои обезбедуваат дека прашалникот ќе биде на ниво на најдобрите индустриски стандарди. Прашањата се создаваат од панел експерти за да се вклучат повеќе различни погледи во оваа иницијална фаза. За да прашалникот биде разбран од целната популација, речникот и формулацијата на прашањата се прилагодуваат за потребите. Низ фокус група се тестираат различните начини на толкување на прашањата за да ги разбереме можните нејаснотии. Откако ќе се изберат прашања, се разгледува и прилагодува редоследот на прашања за да се избегне сугерирање на одговори. После иницијален нацрт на прашалникот, се мери и прилагодува должината на интервјуто за да се избегне ефектот на замор кај испитаникот. Откако ќе се направи работен нацрт, на 50 испитаници се спроведува пилот истражување како последна проверка пред вистинското анкетирање.
Пилот
Откако сите подготвителни фази при дизајнирање на анкета се завршени, започнува пилот истражување за да се приберат информации за можни проблеми при теренската работа. Пилот анкетата се спроведува врз 50 испитаници од различни региони, образование, пол и етничка припадност. Притоа, се прибираат податоци за целото истражување за да се види дали постојат проблеми од различен тип. Ова вклучува проблеми во разбирање на прашања, логика, работа на анкетарите или други проблеми на спроведување на истражувањето. Откако ќе се заврши пилот анкетата, следи процес на ревизија пред да започне вистинското истражување.
Обука на анкетари
М-проспект располага со мрежа на искусни и вешти анкетари. Сепак, во нашата пракса да обезбедиме квалитет во нашите продукти, обука на анкетари е интегрален дел од секое истражување. Ние обезбедуваме обука на нашите анкетари на почеток од секоја анкета. Обуката се состои во преглед на прашањата. Во случаи на „лице в лице“ истражувања, обуката се состои и во објаснување на последните фази од случаен избор на испитаник, доколку тоа е задача на анкетарот. Секој анкетар добива упатство за работа кое содржи информации од обуката како и одговори на најчестите прашања. Обуката на анкетари осигурува дека сите анкетари ќе работат на ист стандардизиран начин.
Собирање податоци
Собирањето на податоци е предмет на сеопфатна супервизија. Околу 10% од примерокот е надгледан и контролиран. Во случај на „лице в лице“ анкети, 10% од испитаниците се или повторно контактирани од супервизори по телефон, или анкетирани од анкетар во придружба на супервизор. Во случај на телефонска анкета, 10% од интервјуата се набљудувани со слушање што обезбедува коментар на работата на анкетарот. Доколку се забележат аномалии сите анкети од анкетарот се прегледуваат. Во случај на анкета „лице в лице“, супервизорите случајно бираат и прегледуваат завршени прашалници и даваат фидбек или бараат преработка на некоја анкета доколку
се појават грешки. И за телефонските и анкети „лице в лице“, неколку техники се употребуваат за да се постигне повисок одѕив на испитаниците.
Внесување и обработка на податоци
Контрола на квалитет за внесување податоци од анкета „лице в лице“: Сите податоци се внесуваат од двајца внесување што избегнува грешки во процесот. Таму каде нема поклопување прашалникот повторно се внесува. Откако базата со податоци е комплетирана, применуваме различни тестови за да се провери валидноста на одговорите. Се проверува логиката на филтрирање и скокање во прашалникот. Невалидните одговори се филтрираат од базата за да се обезбеди валидност.
Контрола на квалитет за внесување податоци од телефонска анкета: Со користење на КАТИ систем, внесувањето на податоци е дел од процесот на прибирање. Во исто време, нашиот КАТИ систем обезбедува квалитет на собраните податоци користејќи дел од валидацијата на податоци во текот на самото интервју. Логиката на скокови и филтери и основна логичка проверка спречува случаи каде недостасуваат задолжителни одговори или каде постојат повеќе податоци од потребно.
Откако се комплетирани базите на податоци (лице в лице и телефонска), продолжува тестирање на логичка неконзистентност на одговори и некои одговори кои премногу отскокнуват од вообичаената рамка. Во такви случаи испитаниците повторно се контектираат за да се разреши случајот.
Статистичка анализа
Последната етапа на контрола на квалитетот обезбедува извештај за одѕивот на испитаници како и извештаи за контекстот во кој истражувањето е спроведувано. Какви било проблеми за време на истражувањето се документираат и известуваат. Доколку е потребно, примерокот се пондерира за да се прилагоди кон идеално зацртаниот примерок.