ГЕМ-Глобално истражување за претпријатија
За потребите на својот клиент Македонска развојна фондација за претпријатија-МРФП, М-Проспект спроведе Глобално истражување за претпријатија во периодот мај-јули 2016 година. ГЕМ претставува годишна оценка на претприемништвото на национално ниво.
ГЕМ е истражување спроведувано во над 60 земји во светот и е најголема поединечна студија на сите активности поврзани со претприемништвото на глобално ниво. Истото има за цел да ги измери разликите во степенот на равој на претприемничките активности помеѓу земјите, како и да ги открие факторите кои го одредуваат нивото на преземени претприемнички активности.
За таа цел, М-Проспект спроведе телефонско истражување Computer Assisted Telephone Interview (CATI) на репрезентативен примерок од 2000 испитаници на национално ниво.